5 совети за удобно и со стил да ја ,,преживеете” оваа зима
На сите нас ни се случило во текот на овие студени денови да станеме и да немаме желба да излеземе од домот, туку само да се вратиме во креветот и да останеме таму сè додека не заврши зимата. И сето ова влијае на тоа да не водиме сметка за комбинациите кои ги носиме, единствено што сакаме е таа да биде топла и удобна. Но, и за овој проблем постои решение, бидејќи вашата комбинација за зимските денови може да биде сето тоа, но и совршено стилизирана.
1. Водете сметка за изборот на ткаенините кои ги носите во зимските денови. Честопати од нив зависи колку топло и удобно ќе ви биде, бидејќи некои материјали едноставно не ја задржуваат топлината бидејќи се предвидени за некои повисоки температури, додека пак други се предвидени токму за зима. Па така, нека вашиот капут биде изработен од материјал кој нема да му дозволи на ветерот да се „пробива“, односно носете џемпери од волна која е потопла.
2. Еден од трендовите кој е актуелен во оваа сезона се прешироките парчиња облека. Слободно носете го и во зима, иако понекогаш изгледа дека поради широкиот изглед што го создаваат и моделите може да ви биде студено. Но затоа, ваквите парчиња облека комбинирајте ги со нешто потесно, што е прилепено за телото, кое ќе ви ја овозможи потребната топлина, и на тој начин ќе создадете совршена комбинација за овие денови.
3. Водете сметка и за тоа секоја комбинација да биде добро стилизирана, но пред сè и функционална. Да изгледа добро, а истовремено да биде удобна и да можете лесно да се движите во неа. Во ова најдобро ќе ви помогне слоевитиот начин на облекување, што ќе ви даде убав, атрактивен и комфорен изглед. Облечени на овој начин ќе можете да одите каде било, да правите што било, без никакво попречување.
4. Честопати чувството и изгледот кој го посакувате зависи од самиот квалитет на дневните парчиња кои ги носите. Доколку сакате удобен, а модерен капут, тогаш ќе морате да го изберете така што тој да биде од кашмир, волна или некој подобар материјал, кој со сигурност не е најевтин. Затоа, немојте да ги вложувате вашите пари во повеќе исти парчиња облека, бидејќи е потребно да имате еден квалитетен капут, еден пар квалитетни чизми, кои ќе ви овозможат сè што посакувате, односно нема да ви бидат потребни во поголем број. Секогаш целете кон квалитетот, а не квантитетот, особено кога е зимската облека во прашање.
5. Не излегувајте без модните додатоци кои се предвидени за зимата. Големиот шал, ракавици и крзно ќе ви дадат префинет, занимлив и атрактивен изглед, а за тоа дека со нив не може да ви биде ладно, ниту неудобно, не мора да зборуваме, бидејќи сите го знаеме тоа.