Зима во скандинавски стил: Како да уживате во куси денови со ниски температури

Објавено на 22 ноември, 2022 во 13:43

Последниот извештај на Обединетите народи „Светска среќа“ покажа дека најсреќни се луѓето кои живеат на север, а токму од нив можеме да научиме како да ги поднесеме ниските температури, кусите денови и другите промени што ги носи зимата.

Финска, Данска, Норвешка, Шведска и Исланд веќе четири години се на врвот на табелата. Без оглед на тоа дали се во прашање политичките права, чувството на сигурност, еднаквост на половите или довербата меѓу граѓаните, секогаш се на прво место.

Граѓаните на овие земји често се среќаваат со зимски бури, силен ветар и куси денови, но ништо од тоа не влијае на нивната среќа, затоа што знаат како да се носат со зимските услови и нивните искуства може да им послужат на другите, особено на оние на кои зимата им влијае на расположението.

Времето го минуваат надвор

За Скандинавците не постои лошо време, само лоша облека. Сè додека адекватно се облечени, не им е проблем да излезат на ниски температури.

Тие скијаат и уживаат

Тие се опседнати со „убивање време со корисни работи“, па скијањето им е омилена социјална активност со која тие исто така вежбаат.

Ги осветлуваат просторите

Светлоста во просторијата значи многу. Со поставување на светилки или палење свеќи, тие на едноставен начин го осветлуваат домот и придонесуваат за зимската атмосфера.

Обожаваат зимска облека

Дозволени се сите комбинации и модни изрази, се додека носите волна одоздола. Волнени чорапи, долна облека, дури и волнен градник.

Подготвуваат едноставни задоволства

Во зимските месеци, готвењето е популарно во Скандинавија. Седум видови божиќни торти секогаш ќе бидат на масата. Ѓумбирот, кардамонот и циметот ќе ја исполнат куќата со ароматични мириси, а уживањето во вкусовите им помага да ја поминат зимата.

Обидете се да зборувате за зимата со помалку негативности и обидете се да уживате во малите нешта што ни ги носи таа: готвење, читање, тишина и мир кога паѓа снег и сигурно вашето расположение ќе биде многу подобро.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.