Неготинец лишен од слобода поради обид за тешка кражба
Објавено на 24 ноември, 2022 во 12:20
Четириесет и шест годишниот жител на Пепелиште е лишен од слобода поради сомнение дека се обидел да изврши тешка кражба.
Според Сектор за внатрешни работи Велес, настанот се случил вчера околу полноќ кај 23:50 часот.
Осомничениот С.В , со остар предмет го скршил стаклото од продажен објект лоциран во Пепелиште, во сопственост на шеесет и пет годишниот Р.З, обидувајќи се да изврши кражба.
Полицијата го пронашла и одзела остриот предмет, а осомничениот е приведен и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк