МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Објавено на 12 декември, 2022 во 12:26

Министерството за труд и социјална политика денеска со соопштение извести дека во тек е исплатата на  паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Поддршката е наменета за корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците  на посебен додаток, корисниците на  правото на надоместок заради попреченост, корисниците на надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. 

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.