Од водите на Вардар спасено лице кое скокнало кај Камени мост (фото)

Објавено на 13 декември, 2022 во 10:16
Фото: МИА
Извор: Слободен печат

Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Фото: МИА
Извор: Слободен печат

– Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР.

Фото: МИА
Извор: Слободен печат

Со итна медицинска помош лицето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”.

Извор: Слободен печат

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.