Тамара Додевска со „Proud“ ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот натпревар 2019
Објавено на 14 февруари, 2019 во 11:17
„Proud“ е насловот на евровизиската песна со која Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив. Песната е работена со Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Ова е одлучено од консултативното тело на Македонската радио-телевизија по иницијатива на Тамара на веќе одржаното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за македонскиот евровизиски претставник за 2019 година.
Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста. Евровизискиот настап на Тамара на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.