Сите училишта во Велес потпишаа договори за користење на субвенционирана струја
Петте основни во градот и трите подрачни основни училишта на територијата на општината како и четирите средни училшта потпишаа договори за користење на субвенционирана електрична елергија.
Договори со ЕСМ во месец ноември,минатата година потпишаа ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ„Св.Кирил и Методиј“, ООУ „Блаже Конески“,ООУ„Васил Главинов“,ООМУ „Стефан Гајдов“, потоа подрачните основни училишта „Стојан Бурчевски“, „Рајко Жинзифов“, „Лирија“ како и средните училишта „Јовче Тесличков“, „Гимназија – Кочо Рацин“, „Димитрија Чуповски“ и „Коле Неделковски“.
Тоа значи дека фактурите што сите училишта на територијата на Општина Велес ги добиваат од ЕСМ имаат пресметки за користење на електричната енергија по основ на субвенции што им ги овозможува државата. Нивната вредност е многу пониска од претходниот период.
Субвенционираните сметки за струја ќе им помогнат на образовните институции во градот во делот на заштеда на финансиски средства коишто ќе можат да ги користат за други потреби.
Исто така, субвенционирана струја веќе користи и ЈКП „Дервен“.
Стефани Манева