Двајца Велешани и тројца Кавадарчани лишени од слобода за дрога, еден заврши во притвор
Полициски службеници на СВР Велес, вчера и завчера, со судски наредби, извршија претреси во Велес, Кавадарци и Неготино, при што биле пронајдени 168 пакувања хероин, 17 пакувања грутчеста материја, шест пакувања марихуана, две пакувања прашкаста материја, таблети, дробилки, 178.580 денари и 235 евра.
Во координираната полициска акција лишени од слобода се пет лица, и тоа Н.М (39) од Велес, кај кого бил пронајден хероин и поголема сума на пари, Г.Д.(43) од Велес, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја и марихуана, А.Т.(26) и С.Т.(28) од Кавадарци, бидејќи биле пронајдени бела материја, марихуана, таблети и пари, и Н.Р.(26) од Кавадарци, затоа што биле пронајдени марихуана и две дробилки.
Според СВР Велес, по итна постапка поднесена е кривична пријава против еден сторител за сторено кривично дело по член 215, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а по документирање на случајот и против останатите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Дума.мк