Стрип центарот на Македонија – Велес со континуирана меѓународна соработка
Стрип центарот на Македонија – Велес поттикнува поголем број на млади таленти од државата за учество на отворени конкурси во земјите од соседството, согласно на своите програмски цели и задачи.
Според Томе Трајков, програм координаторот на СЦМ-Велес , продолжи успешната соработка со Стрип фестивалот во Ваљево, соседна Србија. Конкретно на шестото издание на оваа манифестација, повторно педагозите на Стрип центарот –Велес добија специјална награда за работа со млади категории.
-На овој конкурс ,Специјална награда, колективно, е доделена и на грантот „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “, тематски проект наменет за Ромите, во имплементација на Стрип центар на Македонија и Институтот за истражување и анализа на политики „РОМАЛИТИКО“ –Скопје. Истиот е поддржан од проект на УСАИД за инклузија на ромите, додаде Трајков.
Инаку наградата ГРАН ПРИ на овој конкурс ја доби Бојан Завишин со стрипот „TRANSPYPYPIFICATION“.
Исто така, меѓународната соработка се покажа и во анимирањето на млади таленти за учество на конкурсот на тема „МАЈКА ТЕРЕЗА “И „МИЛОСРДИЕ“ организиран од страна на Здружението „КРАГИ“ од Приштина, Косово.
Освен стрип, овој конкурс ги опфати и дисциплините карикатура и цртеж . Резултатите ќе бидат објавени наскоро.
Стефани Манева