Променливо облачно време со повремен дожд

Времето ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Под влијание на циклонска активност утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали. Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.
Дума.мк
