Нова трагедија во Србија: Масакр во Младеновац, убиени 8 и ранети 13 лица
Синоќа во престрелкатa во селото Дубони кај Младеновац убиени се 8 лица, а 13 ранети. Убиецот е во бегство и трае потерата по него.
Страотен масакр се случи синоќа во Младеновац, 21-годишниот Урош кој ги застрела жртвите додека седеле на клупа.
Обвинетото лице бил во училишниот двор со другарите, се скарале, а потоа отишол до својот дом, земал најверојатно автоматска пушка и започнал со крвавиот пир.
Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица – две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца.
Убиени се полицаец (20) и неговата сестра. Третото лице (21) им подлегнало на повредите по престрелката кај Младеновац.
-Осум лица кои беа повредени во пукотницата кај Младеновац и на кои им беше укажана помош во Ургентниот центар се во стабилна состојба. Во болницата Драгиша Мишовиќ има две повредени лица на возраст од 21 и 23 години, оперирани се, но нивните животи се уште се во опасност, јавува РТС.
Според српските известувачи од местото на настанот, силни полициски сили се уште се на местото на злосторството.
Има и екипи за итни случаи. Се раздени во околината на Младеновац, специјалните единици почнуваат физички претрес на теренот, јавува репортерот на РТС. Периодот кога почнува да се разденува е проблем за користење термо камери.
Според неофицијални информации од болницата во Смедерево, ноќеска таму биле пренесени 10 лица, од кои четворица им подлегнале на раните.
Три лица се оперирани, две се во стабилна состојба, додека едно е на операција, пренесува РТС.
Недалеку од Крагуевац е уапсен Урош Б.(21), масовен убиец од Младеновац, јавува РТС. Потрагата по Урош Б. започнала синоќа, а на теренот имало повеќе од 600 припадници на специјалците, а во текот на ноќта се слушале и хеликоптери како прелетуваат над областа.
Дума.мк