Поради протест на земјоделците, утре, блокиран регионалниот пат Градско – Прилеп
Објавено на 6 јуни, 2023 во 15:23
Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека утре, 7 јуни, во период од 10:00 до 13:00 часот, поради протест на земјоделците ќе биде блокиран регионалниот пат Градско – Прилеп, кај крстосница мотел Дреново. Затоа, сообраќајот ќе се одвива по околните патишта.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајаот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги
даваат полициските службеници.
Дума.мк