Нивото на Вардар во Велес зголемено, попладнево се очекува висок воден бран да помине низ речното корито во градот (фото и видео)
Објавено на 17 јуни, 2023 во 15:05
Утрово водостојот во река Вардар изнесува 164 см и е за 24 повисок од вчерашниот ден, Центар за управување со кризи веќе ги информирал општина Велес, Дирекција за заштита и спасување како и за зголемениот воден бран што во градот се очекува да помине по 14:30 часот.
Од ЦУК информираат дека биле известени фирмите во најкритичните делови на Велес како и места за можно излевање на Вардар надвор од речно корито. Исто така, ЦУК ги информира и граѓаните дека попладнево можно е излевање на водата од речното корито кај Башино село, населба Шорка,Градски парк,Мало Мовче со Автобуска станица како и на левиот брег во близина на Долно Караслари и Градско.
Дума.мк