Во Охридско езеро се испуштаат фекалии, но тоа не влијае на квалитетот на водата

Објавено на 18 јули, 2023 во 10:23

Канализациониот систем во Охрид изграден во 2013 година не функционира, а водите на Охридското Езеро се загадуваат со отпадните води од фекалната канализација, покажуваат поадоците од новиот извештај на Институтот за јавно здравје за квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик за време на летната сезона.

Приватните куќи долж целиот брег како и селските населби: Трпејца, Љубаништа и Радожда за комуналните отпадни води користат септички јами чие празнење на места го врши јавната комунална служба. Во село Радожда, септичките јами од куќите или директно се празнат во езерото, или бидејќи се наоѓаат на самиот брег од плажата понираат во езерото и на тој начин се директни загадувачи на истото – се вели во извештајот.

Од ИЈЗ велат дека присутно е испуштање на санитарни и фекални води директно во речните корита од одредени приватни куќи.

Но, бидејќи станува збор за Езеро со значителен број на извори, постојано струење на вода, голема водна маса со способност за самопречистување, ова загадување не предизвикува големи промени во класата на водата – се забележува во извештајот на ИЈЗ.

Водата од Охридското Езеро земена во период од 1.1.2023 година до 28.6.2023 година ги исполнува законските барања во однос на физичко – хемиската анализа и истата се класифицира во I и II класа. Во однос на микробиолошките параметри, квалитетот на примероците површинска вода се класификацираат како одлична во поголемиот дел од мерните места.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.