Словенија: Поради волци и мечки бараат оставка од министерот

Објавено: 7 август, 2019, во 14:07 часот

slovenciostavka fin

Синдикатот на словенечките селани (СКС) побара оставка од министерот за околина и простор Симон Зајц, кого го сметаат за објективно одговорен за големите штети што на земјоделците им ги нанесуваат мечки и волци, пренесуваат словенечки медиуми.

„Сочувувањето на толкав број диви ѕверки во Словенија не е одржливо. Државата би требало да го максимализира бројот на мечки и волци што можат да го поднесат нашите шуми зашто за волку колку што се сега храна нема“, изјави за мариборски „Вечер“ Флоријан Петернељ од СКС.

Додаде и дека, според некои истражувања, во Словенија можеле да преживеат само стотина мечки, а нивниот број сега бил околу 1.000. Исто така, се проценувало дека во земјата можеле реално да опстанат само две глутници волци, а ги имало повеќе од сто.

Словенечката влада оваа пролет со посебна уредба определи отстрел на 200 мечки и на 11 волци, на што се противат невладините организации што се занимаваат со заштита на дивите животни.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.