Летен афористички поздрав од Коки преку шест нови афоризми

Објавено на 7 август, 2023 во 11:34

Велешанецот Никола Бошков Коки и овој понеделник за вас објавува нови афоризми напишани во текот на минатата седмица. Пронајдете неколку минути во денот и прочитајте ги, насмевнете се и за момент заборавете на секојдневните обврски,товар или проблеми!

„Лето е,некои брачни двојки ги носат децата на море,а други,пак…идното дете од море.

Со депресивци,нихилисти,губитници и плачковци ,не е можно да очекувате дека ќе успеете да извојувате победа во ниту една политичка битка.

Во многуте бракови,за жал,врз жената лежи многу повеќе куќата,отколку мажот.

Сопругата на мојот комшија,не се лути затоа што тој честопати се враќа дома пијан,туку што не се враќа дома кога е трезен.

Родители,ако улицата ви ги воспитува децата,тогаш при раце треба секогаш да ви биде планот на градот.

Понекогаш во сексот е како и на спортската прогноза:никогаш со сигурност не можете да очекувата колку погодоци ќе остварите.

Срдечен афористички поздрав

од Никола Бошков Коки“

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.