АМСМ: На ГП “Табановце“ се чека 30 минути а на ГП „Богородица“ 40 минути

Објавено на 11 август, 2023 во 08:34

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез од државата време на чекање е околу 40 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.