Неготинец со електрошок се обидел да спречи легитимирање од страна на полициски службеници
Објавено на 15 август, 2023 во 14:02
Полициски службеници на ОВР Неготино, вчера вечер,околу 22:15 часот ги лишиле од слобода С.С.(39) и Ј.П.(41), двајцата од Неготино.
При обид да бидат легитимирани на улицата „Косте Волкановски“ во Неготино, С.С со електрошок ги нападнал полициските службеници и се обидел да побегне, но бил спречен и лишен од слобода. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и пари.
„Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок,“ соопштија од СВР Велес.
Дума.мк