Секое прваче ќе добие вредносен ваучер од Општина Лозово
Објавено на 25 август, 2023 во 12:25
Со едногласна одлука на Советот на Општина Лозово и оваа година општината обезбеди ваучер со вредност од 4000 денари за секое прваче што е запишано во ООУ „Методија Митевски – Брицо“ и подрачните училишта на територијата на Лозово. Финансиската поддршла ќе им овозможи на родителите да набават училиштен прибор и облека за успешен стар на учебната година.
– Модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е нашиот врвен приоритет, продолжуваме да ги слушаме потребите од образовната заедница и да креираме квалитетни мерки, кои ќе донесат добри резултати, напиша градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски на неговиот фејсбук профил.
Стефани Манева