Нема гужва на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниците коишто патуваат низ Македонија и имаат потреба од информации за состојбата со сообраќајот на граничните премини можат во секој момент да кликнат на банерот „Видео камери“ на насловната страница на Дума.мк и во категорија „патна мрежа“ со поткатегорија „видео камери“ да имаат информации во секој момент, во денот или ноќта.
Дума.мк