СВР Велес спроведен превентивна активност за побезбеден сообраќај
Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, на 11 септември, на магистралниот пат А1, Градско – Прилеп, спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот под мотото „Стави појас при управување со возило“.
-Во текот на овие активности, што инаку се во рамки на оперативниот превентивен план „Безбедно лето 2023“, на граѓаните, преку непосредна комуникација, им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи за управување со возило во поглед на задолжителното користење на заштитен појас на возачите и сопатниците. Полициските службеници укажуваа и за неопходноста од почитување на правилата во поглед на прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот, како едни од најважните правила и превентивни препораки за елиминирање на ризиците од сообраќајни незгоди, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
За време на превентивната активност на возачите им беа поделени и едукативни печатени материјали коишто се изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Стефани Манева