Уапсен велешанец за криумчарење на мигранти
Објавено на 21 септември, 2023 во 12:41
Дваесет и седум годишниот Д.С од Велес, на регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце, во Општина Старо Нагоричане, вчера, во 17:20 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Полициско одделение Старо Нагоричане.
При направена контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки коешто го управувал велешанецот, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници.
Од Министерство за внатрешни работи додаваат дека Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Дума.мк