(Видео) Аутизмот повеќе не е табу тема, потврдуваат животната приказна на мајката Лидија Карастојанова Андова и стручното мислење на специјалната едукаторка Марија Давчевска

Не е едноставно да сте родители на дете со попреченост. Воопшто не е лесно и да сте самохрана мајка на дете со аутизам затоа што станува збор за исто така специфична здравствена состојба на која мора да се посветите целосно, 24 часа, за да постигнете резултати. Кога денеска се навраќате на сопствени три децении живот […]

3 април, 2025

Гаврилова: Трагедијата во Кочани и деновите на колективна тага ќе остават трага не само на тамошните жители, граѓаните да не се срамат и да побараат стручна помош (видео)

Чувството на колективна загуба и траума коишто се појавија, изминатава недела кога се случи пожарот во дискотеката или кабарето во Кочани, а потоа и секојдневното следење на состојбата со жртвите како и со младите луѓе кои се борат за живот ќе остават трага врз граѓаните и нивниот живот, констатираат стручните лица. Во вакви случаи сосема […]

21 март, 2025

Базар на платото пред Основен суд, велешките ракотворки продаваат разновидни подароци за денот на жената (видео и фото)

Сувенири, накит, изработени кукли, мечиња, украсни свеќи и цвеќе се рачно изработените подароци коишто за празникот на жената, 8 Март, можат да се купат како подарок за девојките, сопругите, мајките и бабите. На поставените тезги има разновидни подароци. Цените се прилагодени на куповната моќ на граѓаните на Велес. Иако само втор ден ги излагаат своите […]

4 март, 2025

Д-р Виларова: Целосно и доследно почитување на законската регулатива – поттик и услов за успешно реализирање на воспитно образовниот процес

Д-р Македонка Виларова е советник, општински просветен инспектор на Општина Велес и сертифициран професионален обучувач за возрасни којашто често одржува обуки на различни теми и актуелни потреби од областа на образованието низ образовните институции во Македонија. Освен редовната работа како инспекторка многу често ангажирана е од поголем број на провајдерски куќи поради посветеноста во работата што […]

18 февруари, 2025

Д-р Кимова: За промена на перспективата – Вредноста на инвестирањето во себе и континуираното учење

Во денешното глобално интернет општество, изградбата на личната и професионалната иднина зависи од нашата способност да се развиваме континуирано. Секоја иновација, секој нов тренд и технологија нудат можности за учење, но истовремено бараат од нас да бидеме подготвени, флексибилни и посветени на самоусовршување. За жал, во нашата држава се забележува алармантна тенденција: намаленото препознавање на […]

15 февруари, 2025

Д-р Гаврилова: Феноменот– ЛАГА

Психолошките особини, карактерот како и темпераментот на личноста влијаат врз постоењето на различни видови на лаги. На многумина ни е добро позната максимата која е стара колку и Библијата: “Кој е нечесен во малку, тој е нечесен и во многу“. Ова укажува дека во основа, често пати малите лаги водат кон поголеми. Кога ќе се […]

8 февруари, 2025

Колумна: Шaнса за историски пресврт 

Пишува: Слободан ТОМИЌ  Инаугурацијата на Доналд Трамп како претседател на САД не е само внатрешно политички настан, туку момент што го обликува светот. За Македонија, средбите на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во Вашингтон отворија простор за нови перспективи, но и го поставија прашањето: дали оваа мала балканска земја е подготвена да ја искористи шансата […]

21 јануари, 2025

Колумна: Македонија на Инаугурацијата на Трамп -Геостратегија или признание за Мицкоски?

Пишува: Слободан ТОМИЌ Македонија, и покрај својата мала големина, историски е позиционирана како геостратешки мост кој сите го преминуваат, но никој вистински не го гради. Со поканата за премиерот Христијан Мицкоски да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп, земјата добива исклучителна можност да ја истакне својата важност на глобалната сцена. Ова е првпат еден македонски […]

16 јануари, 2025

Проф. др Кимова: Верифицирани обуки – Пат кон нови можости

Доживотното учење претставува темел на индивидуалниот и општествениот напредок. Преку постојана доедукација, младите стекнуваат вештини и знаења со кои полесно се соочуваат со предизвиците на современиот свет, додека возрасните го унапредуваат квалитетот на својот живот и кариера. Ваквиот континуиран развој помага во борбата против ниската свест, градејќи посилна заедница насочена кон поддршка, солидарност и оптимизам. […]

15 јануари, 2025

КОЛУМНА: „Воинствениот Ахмети – манипулација или дефокус?“

Пишува: Слободан  Томиќ Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), продолжува да се наоѓа во центарот на политичките турбуленции во Македонија.  Со својата реторика и контроверзни изјави, како што е неговото тврдење дека „не загубил ниту една војна“, Ахмети не само што ги разгорува старите етнички поделби, туку и се наметнува како фактор […]

13 јануари, 2025

Проф.д-р Ќимова: Што е сексуална интелигенција и зошто е значајна?

Во денешното динамично општество, често зборуваме за интелигенција во различни контексти –емоционална, социјална, когнитивна, вештачка. Сепак, ретко се осврнуваме на една подеднакво значајна, но често занемарена и сеуште табу тема сексуалната интелигенција. Таа се однесува на нашата способност да градиме здрава и исполнета интимност, а нејзината важност лежи во тоа што директно влијае на нашите […]

16 декември, 2024

Проф. д-р Ќимова: Зголеменото насилство во училиштата бара итна акција!

Во денешно време, насилството меѓу учениците е во постојан пораст, претставувајќи сериозен предизвик за воспитно-образовниот процес и општеството во целина. Насилството се јавува во различни форми какви што се физичко, вербално, психолошко, а се почесто и дигитално – сајбер насилство. Секој вид насилство остава трајни емоционални последици врз учениците, влијаејќи на нивната самодоверба, успех во […]

3 декември, 2024

Проф. д-р Ќимова: Малите чекори водат до големи промени

Дали некогаш сте се запрашале навистина колку сте во право за работите за кои сте убедени? Дали вредностите по кои живеете се правилни? Дали стилот на живот ви е „во граници на нормала“? А што воопшто е нормaлно денес? Во светот во кој живееме, преполн со секакви предизвици насекаде, ,,фејк,, содржини и површни личности, големи […]

24 ноември, 2024

Проф. д-р Ќимова: Ефективна комуникација за успех

Ефективната комуникација е основа за успешна интеракција во различни животни области, како што се професионалниот, академскиот, личниот и интеркултурниот контекст. Способноста да се пренесат пораки на јасен и разбирлив начин, прилагодувањето на стилот според соговорникот, ситуацијата и вештината за слушање се клучни за постигнување на ефективна комуникација. Во личните односи, комуникацијата е основа за меѓусебно […]

16 ноември, 2024

Проф. д-р Ќимова: Различни аспекти на влијание на емоционалната интелигенција (трет дел)

Во заокружувањето на темата посветена на емоционалната интелигенција Проф.д-р Ќимова одговара на неколку прашања кои читателите на Дума.мк и ги поставија во изминатите десет дена по објавувањето на двете продолженија на нејзините авторски текстови. Што ги прави посебни и успешни личностите со висока емоционална интелигенција? -Во денешниот динамичен свет, каде флексибилноста, брзината и компетитивноста се […]

1 ноември, 2024

Проф. д-р Ќимова: Различни аспекти на влијание на емоционалната интелигенција (втор дел)

Во современиот свет, емоционалната интелигенција игра клучна улога за постигнување успех и задоволство во различни области на животот. Емоционалната интелигенција е способност да се разберат, препознаат и контролираат своите и туѓите емоции. На пример, ако некој се налути на работното место, личност со висока емоционална интелигенција ќе може да остане смирена и да го реши […]

21 октомври, 2024

Проф.д-р Ќимова:Важноста на емоционалната интелигенција

Емоционалната интелигенција е способноста да се препознаваат, разбираат и управуваат сопствените емоции, како и емоциите на другите. Оваа вештина е клучна не само за личен развој, професионален развој  туку и за градење здрави меѓучовечки односи. Во општество како нашето полно со промени и несигурност, емоционалната интелигенција игра посебно важна улога кај младите, родителите, наставниците и […]

5 октомври, 2024

Д-р Гаврилова: Сите пројавуваме нарцисоидни тенденции во раната фаза на нашиот живот, но никој не знае со сигурност како некој станува нарцис

На сите нас во секојдневната комуникација со луѓето ни се случува да наидеме на лица со нарцисоидно однесување. На оваа тема разговаравме со психологот и експерт за оваа проблематика д-р Вангелица Гаврилова која е доктор на психолошки науки, а зад себе има богато, долгогодишно работно искуство. Кажете ни што конкретно претставува нарцисоидноста? Поимот нарцисоидност се […]

28 септември, 2024

Проф. д-р Ќимова: Промените во образованието и потребата од доживотно учење

Образованието се наоѓа во период на значителни трансформации, што се должат на брзиот технолошки развој, енормната моќ на интернетот, новите вредности на генерацијата „зет“, променливите општествени потреби и новите научни сознанија за учењето. Овие промени влијаат на сите аспекти на образовниот процес, од методика до структурите на образовните институции. Интеграцијата на технологијата во образованието е […]

22 септември, 2024

Велешанката Тина Божикова раскажувач на „3Д“ креативни уметнички приказни (видео и фото)

Кога 12 години од професионалниот живот ќе посветиш на реализација на пасионираната љубов кон природата, поточно на создавање на цветни приказни преку аранжирање на букети и икебани, тогаш најверојатно е полесно креативноста да посакаш да ја надополниш со нов уметнички израз. Треба да си жена, во период од животот во којшто очекуваш да се реализираш […]

5 септември, 2024

Прим. др Дончо Дервишов: Внимавајте вашите деца да не дехидрираат, не им давајте брза и лесно расиплива храна на пеколните жештини (Видео)

Дехидрирани поради пеколните жештини или повраќање и пролив како последица на брза и лесно расиплива храна се најчестите симптоми со кои се примаат деца од неколку месечна до осум годишна возраст на Детско одделение во Општа болница Велес. Прим. др Дончо Дервишов специјалист педијатар ги соопшти причините и даде совети за родителите како да се грижат да не се наруши здравјето на нивните деца во временски услови кога температурата во термометарот се искачува над 35 степени Целзиусови.

10 јули, 2024