Велковски, Нацев и Ранготов: До примениот гол одлично игравме, сплет на несрекни околности кумуваа на резултатите, честитки за македонската репрезентација и за Пандев

Објавено на 22 јуни, 2021 во 12:58
Македонската фудбалска репрезентација на EURO 2020

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши учеството на европското првенство. На последниот натпревар претрпен е пораз од домашната Холандија со 3:0. Во првиот дел играта беше рамноправна и имавме добри шанси за гол. По еден недосуден прекршок Холандија поведе и потоа работите тргнаа надолу. Поранешните фудбалери а сега ветерани Нацев, Велковски и Ранготов не се незадоволни од покажаното:

Љубе Велковски е дециден: „До примениот гол одлично игравме. Недосудениот прекршок и примениот гол не пресекоа. Потоа како да играше друг тим. Концепциски одлично поставена играта. Голема благодарност до капитенот Пандев за 122  одиграни меча, и за се што даде за фудбалот“.

Тоше Нацев: “Знаме да играме и тоа радува. Сплет на несрекни околности кумуваа на резултатите. Неискуството го направи своето. Видовме со Холонадија една судиска одлука дека може да го смени текот на мечот. Имавме големо задоволство да ја следиме нашата репрезентација на  врвен спортски настан. Големи честитки до играчите за покажаното но и зa навивачите кои покажаа како се бодри својот тим“.

Петар Ранготов го споменува фактот дека Холандија има многу вреден тим.

„Ако ставиме на кантар колку вреди Холандскиот а колку нашиот тим ке видиме милионска разлика. Добро почнавме но, примениот гол не депримираше. Честитки за екипата  и пред се за Горан Пандев кој е гордоста на земјата. Се прости од  репрезентативниот фудбал но остава неизбришлива трага“.

Впечатокот за крај е дека не сме разочарани од настапот на Европакото првенство  ова беше едно добро искуство пред понатамошните настапи на државниот состав пред се во квалификациите за светското првенство.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.