Фобии – видови и лекување
Најчесто се јавуваат специфични фобии кои опфакаат страв од училиште , заболекар, возење, вода, балони, змии, дебелина, старост, високи места (акорофобија) и затворен простор (клаустофобија). Човекот обично не се плаши од самиот објект, туку од некоја страшна последица!!
Жртвата на агрофобија претрпува повеќекратни стравови кои се движат околу три основни теми: страв од напуштање на куќата, од самотија и од состојби во кои не може нагло да замине или да добие помош.
Кај друштвената фобија која најчесто ги зафаќа младите луѓе, главниот страв е од јавното понижување. Ваквите личности дури ги избегнуваат разговорите во јавноста, забави и јавни тоалети. Ваквата сотојба може да предизвика црвенило на образите, силно биење на срцето, потење, тресење, тептавење и несвестица. Дури 25 % од луѓето кои професионално се бават со дејности кои вклучуваат јавни настапи се борат со тежок траен страв предизвикан од јавен настап како облик на друштвена фобија.
ЛЕКУВАЊЕ
Специфичните фобии успешно се лекуваат со ситематска десензибилизација. Примената на лекувањето може да биде во етапи за олабавување. Многу е важна и подршката од доверливо лице!
Лекувањето на друштвената фобија опфаќа пракса каде заболените учат како да го намалат стравот и се поттикнуваат како да бидат помалку самокритични и да научат соодветно да се однесуваат. Може да се користат и лекови… Агрофобиите најдобро се лекуваат со постепено одење на места кои предизвикуваат страв при тоа да се применуваат техники за олабавување кои го олеснуваат лекувањето. И конечно лекувањето често може да ја намали мачнината и да ја ублажи или да ја искорени фобијата .
Божана Ќулавкова