Гаврилова: Трагедијата во Кочани и деновите на колективна тага ќе остават трага не само на тамошните жители, граѓаните да не се срамат и да побараат стручна помош (видео)

Објавено на 21 март, 2025 во 17:42

Чувството на колективна загуба и траума коишто се појавија, изминатава недела кога се случи пожарот во дискотеката или кабарето во Кочани, а потоа и секојдневното следење на состојбата со жртвите како и со младите луѓе кои се борат за живот ќе остават трага врз граѓаните и нивниот живот, констатираат стручните лица. Во вакви случаи сосема нормална е реакцијата на граѓаните нечија тага, болка и солзи да ја чувствуваат како своја. Станува збор за трагедија, во ист момент на повеќе луѓе, на семејства кои загубија или се борат за животи на своите деца, вели Соња Гаврилова. Таа е дипломиран психолог со долгогодишно професионално работно искуство како со деца така и со возрасни граѓани во Велес кои од неа побарале помош.

Во разговорот што Дума.мк го сними со психологот Гаврилова, вчера, на денот на погребот на жртвите од овој трагичен настан, како во Кочани така и во уште неколку градови во Македонија, психологот упати неколку препораки до граѓаните. Главната препорака е дека потребен е стручен третман и граѓаните потребно е да побараат помош,како за себе така и за своите деца.

Психологот Гаврилова смета дека има доволно стручни лица во државните институции, како образовни така и медицински, коишто можат да дадат придонес во помошта којашто им е потребна на граѓаните. Во државата постојат и функционираат здруженија како што е на психолози коешто е подготвено да издаде барани услуги а граѓаните не треба да стрепат од тоа што за нив некој би можел да каже туку да се заложат од себе да ги извадат сите трауми кои се последица на оваа и слични трагедии.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.