Хемороиди – Симптоми (Аудио)
Обилно црвено анално крварење што се гледа во изметот или на тоалетната хартија чуствителност или болки при празнењето на цревата , болен оток или јазол во близина на анусот, чешање околу анусот и слузен анален секрет.
Всушност хемороидите преставуваат проширени вени на правото црево и анусот. Понекогаш доаѓа до нивно отечување при празнењето на цревата ѕидовите на вените стануваат претерано напрегнати. Кога овие отечени вени ќе почнат да крварат, да чешаат или болат ги нарекуваме хемороиди. Тие можат да бидат внатрешни и надворешни.
Кога треба да се обратите на лекар?
Ако забележите анално крварење прв пат, дури и ако сте уверени дека станува збор за хемороиди. Исто така полипите на дебелото црево колитисот.Короновата болест и ракот на дебелото црево може да предизвика анално крварење. Многу е важна точната дијагноза.
Ако ви се дијагостицирани хемороиди и крварењето е хронично(дневно или неделно) или пообилно, во ретки случаи обилното крварење може да предизвика анемија.
Божана Ќулавкова