Карфиол, здрав зеленчук – препорачан за болести на кардиоваскуларен систем, шеќер во крв и канцер

Објавено на 14 септември, 2021 во 16:17

Во разговор со нутриционисти ги откривме главните хранливи состојки на карфиолот. Тоа се Јод, витамин Ц, витамин К, витамини од Б комплексот, холин, растителни влакна, омега 3 масни киселини, манган, фосфор, калиум, протеин, магнезиум

Лековити својства

Кафиолот е полн со витамин Ц 100 грама готвен карфиол содржи 59% од препорачаната дневна доза. Поради тоа  карфиолот е идеана храна за заштита на клетките од последиците на високиот шеќер во крвата. Освен тоа добивате и манган ,уште еден важен антиоксиданс, но и низа важни фитонутриенти, како и бета каротен, керцетин и кемпферол, кои го намалуваат  оксидативниот стрес на клетките, кој што е еден од водечките фактори на ризик за развој на канцер. Испитувања покажале дека кај лицата кои јаделе големи количини на карфиол е утврден најмал ризик од развој на сите типови карцином, особено рак на белите дробови, желудник, дебело црево и ректум. Особено е корисен и за кардиоваскуларниот систем и за оштетување на крвните садови. Растителните влакна се корисни за системот на органите за варење, спречува прекумерно размножување на канцерогената бактерија Helicobacter pylori и нејзино задржување на слузокожата на желудникот.

Начин на употреба

Карфиолот треба кратко време да се вари и да се остави да се излади барем пет минути за да се ослободат неговите корисни состојки.

Колку е доволно?

Една порција се 125 грама  готвен карфиол, со тоа ќе внесете 29 калории и мноштво корисни сосотојки

Како да се купува ?

Најдобри се чистите бели главици.

Како да се јаде повеќе карфиол?

  • Додавајте карфиол и брокули во омлет или руска слата.
  • Пробајте пире од карфиол. Згответе цветови кафиол со еден излупен и исечен компир и шест излупени чешлиња лук додека не омекнат. Исцедете и оставете малку вода , додадете суво оригано и изматете пире. Разредете со топло млеко  и смесата да биде по кремаста. Зачинете со малку маслиново масло, додадете сол и црн бибер.
  • Сварен карфиол, префрлете го во сад за печење и прелијте го со смеса од интегрални лебни трошки, маслиново масло, сушено оригано и толчен лук. Посолете со малку пармезан и печете 10-15 минути на 180 степени.

Божана Ќулафкова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.