Tешко кашлање – Алтерантивно лекување и со Јога (Аудио)
Многу алтернативни начини на лекување што се применуваат во лекувањето на астма можат да бидат делотворни и при тешко кашлање како што се разни билки , рефлексологија и кинески билки. Ако боледувате од астма, тешки алергии, хроничен бронхитис или емфизем неопходно е редовно да одите на лекарски прегледи.
Исто така во голема мера може да помогне и јогата. Неколку положби може да помогнат да се ублажи тешкото кашлање, учејќи ве како да го контролирате дишењето и да го намалите стресот. Особено се делотворни положбите на Гулаб, Кобра, Свинга, Мост .
Положбата Гулаб може да помогне за подобрување на дишењето. Од клекнатата положба испружете ја левата нога зад себе. Длабоко вдиште и истегнете го телото малку виткајќи го грбот. Останете во оваа положба 30 сек. Дишете длабоко. Издишете и олабавете се. Повторете ја постапката. За да ги намалите нападите на отоци, пробајте на положбата Кобра. Потпрете се со двете раце на подот така што лактите да бидат точно пред рамената. Вдишете и кревајте ги градите, држејќи ги рацете испружени и притискајќи со карлицата врз подот.Останете во оваа положба 15 секунди и длабоко дишите а потоа олабавете се .
Божана Ќулавкова