Тешко кашлање лекување – Конвенционална медицина (Аудио)
Ако тешкото кашлање е предизвикано од асма, лекарот ќе препише бронходилататори, лекови кои го помагаат проширувањето на стеснатите дишни патишта.
Ако боледувате од алергии лекарот сигурно ќе ви препише антихистаминици, лекови кои го неутрализираат дејството на хемиските материи кои предизвикуваат алергии во организмот.
Ако боледувате од акутен бронхитис ќе ви препишат антибиотици кои ќе ја смират инфекцијата на дишните патишта. Секој облик на полесно кашлање што го придружува акутниот бронхитис поминува заедно со инфекцијата.
Во случај на хроничен бронхитис или енфизем, лекарот може да препише експекторанс кој ќе го острани вишокот слуз.
Во итните случаи кога тешкото кашлање станува толку силно што го отежнува дишењето, медицината може да употреби адреналин за отварње на стеснатите дишни патишта.
Божана Ќулавкова