Воспаление на уво – симптоми
Симптомите кај возрасни се најчесто со нагла, остра или тапа постојана болка, потоа со температура и треска, затнат нос, чувство на исполнетост во увото, увоболка придужена со мачнина и пролив како и придушен слух.
Симптомите кај деца се следни: држење за уво, температура, раздразливост, вознемиреност, течење на носот, намален апетит, плачење ноќе кога детето е во лежечка состојба
Обратете се на лекар ако телесната температура се покачува на 38,5 или 39 степени бидејќи температурата покажува можна сериозна инфекција. Ако Вие или вашето дете често заболувате од воспаление на средно уво , повторените наоди на оваа болест може да доведат до губење на слухот или потешки инфекции.
Најчеста причина на воспаление на средно уво е вирусна инфекција на горните дишни патишта ,настинка или грип.
Најчесто се лекува со Амоксицилинот, антибиотик за лекување на бактериско воспаление. Општо земено се смета за безбеден затоа што е помала веројатноста дeка ќе предизвика алергиска реакција од пеницилинот од кој всусност е добиен. Тој е многу ефикасен лек бидејќи може со едно лекување да се излекува инфекцијата.
Божана Ќулавкова