Повик до граѓаните: Споделете го вашето искуство за работничките права

Објавено на 20 јануари, 2022 во 11:58

Работничките права се кршат, а никој не одговара за тоа. Во денешно време се почесто сме сведоци на тажни работнички саги во кои работодавецот е супериорен во однос на работникот и ги злоупотребува неговите права.  

Работникот  работи во несоодветни и небезбедни услови, а за извршување на своите работни задачи, не е соодветно платен. Нема кој да ги заштити и да ги брани нивните права бидејќи ретко во која фирма постои синдикална организација. Инертноста и неефикасноста на инспекциските служби ги одвраќа работниците да ги пријават аномалиите во работната средина и неправдите што ги трпат од работодавците.  

Поттикнат од секојдневните прекршувања и злоупотреби на работничките права тимот на Дума.мк ќе се обиде преку анкетниот прашалник да обезбеди поголема видливост на проблемите на работниците и решение за истите.  

Доколку сте работник во некоја од фабриките или компаниите од општините во Вардарскиот регион и сакате да го споделите вашето искуство за условите за работа или прекршување на работничките права, одговорете на прашањата од анкетата.  

Анонимноста е загарантирана и ништо нема да биде објавено без ваша дозвола.   

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.