Порталб: Искривена изјава на руски функционер влеа страв за “голема војна”

Објавено на 1 мај, 2022 во 13:09

Конфликтите на големите сили, особено заканите од војна се секогаш медиумска тема која ги погодува читателите и носи многу кликови. Од друга страна, ако таквите информации се сензационалистички, не поткрепени со аргументи, пренесени погрешно и хиперболизирани му штетат на квалитетното новинарство. Во текстот, што го анализираме, јавните изјави на рускиот функционер се искривени и се користат за предупредување за неизбежна војна меѓу Русија и Америка, пишува Порталб.мк

Во текстот што го анализираме, порталот Инфомакс го користит насловот: Алармот се вклучи: НАТО се подготвува за голема војна со Русија.

На почетокот насловот е бомбастичен и многу сензационален. Насловот остава впечаток дека веста содржи информации потврдени за оваа подготовка од НАТО бидејќи првично не пишува дека тоа е изјава на службено лице и да се цитира соодветно. Во насловот проблематична е и придавката „голема“, крајно хиперболизирање, од страна авторот на текстот, што не може да се најде никаде во оригиналната изјава на функционерот.

Оставен во оваа форма, користејќи го терминот „алармот се вклучи“, насловот изгледа како тврдење за завршена работа и како таков има потенцијал да предизвика страв кај читателот.

Што се однесува до текстот, тоа е лошо пренесена изјава, везенa со елементи што не може да се најдат во оригиналната изјава. Во објавата на овој медиум накратко се пренесува оригиналната изјава на рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин, која ја пренесуваме од руската новинска агенција ТАСС.

Фомин во ниту еден момент не ги изговорил зборовите „Северно-атлантската алијанса се подготвува за голем вооружен конфликт со Русија“, како што пренесува овој медиум. Всушност, рускиот функционер вели дека постојат сомневања за можен вооружен конфликт, по провокациите кои доаѓаат од НАТО кон Русија.

„Во последно време, алијансата избра да врши директни провокации, кои претставуваат голем ризик да прераснат во вооружен конфликт“ рече Фомин на прес-конференција за странските воените аташеa и претставници на странските амбасади акредитирани во Москва.

Не е точна ниту фразата „Воената структура на блокот е целосно пренасочена во подготовка за голем вооружен конфликт со висок интензитет со Русија“, бидејќи Фомин не зборувал ниту за „голем конфликт“, ниту за „висок интензитет”. Фомин, во ниту еден момент не ја користи фразата „голема војна“, ниту во оваа проширена верзија на веста, што е пренесена од Anadolu Agency на англиски јазик.

Текстот на овој медиум имаше тенденција да ја пренесе неговата изјава на најлош можен начин со застрашувачки наратив за да се остави впечаток дека војната може да започне секој момент. Во текстот евидентен е и обидот Русија да се прикаже како сила која сакаат да ја нападнат сите земји членки на НАТО.

Вториот дел од текстот, откако е пренесен како што е во првобитната изјава, е во спротивност со насловот и измислениот текст на авторот. Во него рускиот заменик министер за одбрана остава простор да потсети дека двете страни не се противници и дека на сила е Римската Декларација која овозможи договор меѓу НАТО и Русија пред неколку години и е платформа за дијалог меѓу двете сили пред каков било конфликт или спор.

Авторот на текстот не само што ја искривил изјавата, но ја нема и другата страна, НАТО, за да ја пласира целосната информација за тоа што всушност се подготвува, како и да ја потврди изјавата што е ставена како наслов „алармот е вклучен“.

Кулминацијата на кризата меѓу Украина и Русија се случи пред 8 години со анексијата на украинскиот Крим од страна на Русија.

Ваквото поттикнување страв и искривување на изјавата е неприфатливо и не е оправдано ниту со Кодексот на новинарите кој вели:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации кои се од јавен интерес. Новинарот мора да објавува точни и докажани информации и нема да крие суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или ако се работи за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се провери колку што е можно повеќе.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.