Македонскиот стрип центар – Велес дел од проектот CAN FOR BALKANS
16.04.2021
Стрип центар на Македонија – Велес ќе биде дел од меѓународниот проект CAN FOR BALKANS. Носител на овој проект е Музеј на историјата во округот на Брашов – Република Романијa. Kако партнери, освен, македонскиот стрип центар ќе бидат и Белгискиот стрип Центар од Брисел, Стрип училиштето „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац, Србија и Државниот историски музеј од Тирана, Албанија.
Основа на овој проект е историскиот стрип во наведените земји и има важност во две насоки и тоа афирмирање на социјална примена на стрипот и меѓународна размена и соработка.
– Благодарни сме што Република Северна Македонија е дел од овој проект . Истиот претставува континуитет на нашата меѓународна соработка со сите партнерски земји. Во кратки црти ,активностите од овој проект се сведуваат на: истражувачки активности на тема историскиот стрип, меѓународен тематски стрип- конкурс од областа на историските јунаци ,којшто, ќе се објави наесен 2021 година како и организирање на неколкудневни тематски настани и изложби во опфатените земји , со посетеност од преку 50 стрип автори. Еден од бенефитите на овој проект претставува логистичката поддршка на организациите партнери и стимуланс за професионална работа на светски познатата деветта уметност. Во нашата земја таков настан ќе се организира во крајот на месец август,се разбира во нашиот град Велес, рече Томе Трајков, програм координатор на Стрип центар на Македонија- Велес.
Проектот CAN FOR BALKANS е финансиран од страна на програмата Креативна Европа, под прогамата за култура на Европска унија.
Стефани Манева