Светски ден на книгата: Во Неготино ќе се одбележи со литературно читање
Објавено на 23 април, 2021 во 09:37
23.04.2021
Денес се одбележува Светскиот ден на книгата, кој има задача да ги охрабри младите да го пронајдат задоволството во читањето книги. Токму затоа, денес, 23. април, со почеток од 14:00 часот во просториите на Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, ќе се одржи литературно читање.
Присутните на овој настан ќе можат да уживаат во пишаниот збор преку настапот на ученици од ООУ „Гоце Делчев“- Неготино под менторство на наставниците Весна Ристова и Пандорка Илкова.
Со оглед на пандемиските услови во кои се наоѓаме, Светскиот ден на книгата оваа година ќе биде одбележан скромно, со ограничен број учесници и секако почитување на сите здравствени протоколи.
Мите Јаначков
