Афористичарот Бошков – „Коки“: Внимателно со соседите и за месецот февруари!!
Што се се случува во месец февруари и што го предизвикало велешкиот афористичарот Никола Бошков „Коки“ да ги напише најновите свои шест афоризми ќе дознаете штом ги прочитате малку подолу. ?
-Се чувствувам мошне непријатно кога некои луѓе ми ги покажуваат забите но, вчудоневиден сум кога тоа го прават и оние што немаат ниту заб во устата.
-Се поголема е бројката на оние што ги забележуваат мачките само во февруари.
-На љубовните средби мнозина мангупи поаѓаат малку поднапивнати – за да се охрабрат, а потем се вадат дека не се во состојба – од алкохолот.
-Комшијата е затоа да ви се најде тогаш кога сте во невоља, меѓутоа многу е непријатно ако тој ви се најде… в кревет.
-Видно нерасположен соседот ми се пожали, вели: во нашето брачно гнездо некој става туѓи јајца.
-Во обидот да направи ОСУМКА , нашиот лизгач се здоби со скршеници на нозете: со едната нога правеше петка: а со другата…тројка.
Афористичар
Никола Бошков – Коки