Афоризми на велешанецот „Коки“ за оваа седмица

Објавено на 28 ноември, 2022 во 11:10

Последниот понеделник од месец ноември е резервиран за насмевки. Велешкиот афористичар Никола Бошков Коки со нови шест афоризми за читателите на Дума.мк.

-Љубовта е единствената активност во која најголемите успеси се постигнуваат …лежејќи.

-Постојат полтрони кои се во состојба на своите претпоставени да им ја симнуваат капата заедно со главата.

-Таа беше толку несмасна што наместо под возот,  се фрли,  под машиновозачот.

-Можно е Адам заедно со јаболкото да го изел и црвот на сомневањата, штом одненадеж започнал листот на Ева да го оградува со трње.

-И политичарите од власта и оние од опозицијата, живеаат под исто поднебје, но како да живеат во два различни света.

-Рекламните пораки и паузи во текот на ТВ преносот се единствената можност малку да здивнеме од ТВ коментаторите.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.