Актерката Слободанка Чичевска е добитничка на „Наградата за животно дело 2025“ на Фестивалот „5 РЕ“

Објавено на 25 март, 2025 во 17:57
Фото: Архива на Дума.мк

Комисијата за доделување на наградата, во состав претседател Александар Георгиевски, пензиониран актер, Зорица Панчиќ, актерка на велешки Театар „Јордан ХК Џинот“ и Тони Михајловски актер, минатогодишен добитник на престижната награда, одлучија годинава актерката Слободанка Чичевска да биде добитничка на „Наградата за животно дело“ на Фестивал за комедија „5 РЕ“. На распишаниот конкурс од страна на Општина Велес пристигнати се два предлози, освен за Слободанка Чичевска и за актерката Соња Михајловска, актерка на битолски Театар, соопшти претседателот Александар Георгиевски на денешната прес конференција во фоајето на зграда на велешки Театар

-Жири комисијата ја додели наградата на Слободанка Чичевска од повеќе причини. Прво затоа што има многу улоги со доајенот Петре Прличко како на сцената на велешки Театар така и на сцени надвор од Велес. Имајќи го во предвид ангажманот на Чичевска во матичниот театар, скоро 40 години, откако дојде како ученичка одлучивме наградата да и припадне неа, додаде Георгиевски.

Освен доделувањето на традиционалната востановената „Награда за животно дело“ што ќе се случи на свеченото започнување на фестивалот, во четврток на 27 март исто така од годинава на фестивалот „5 РЕ“ ќе бидат доделени уште четири награди, за најдобра женска и за најдобра машка улога како и за најдобра претстава и најдобра режија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.