Ансамбл „Керамичар“ на турнеа во Хрватска и Босна и Херцеговина (фото)
Дваесет и пет играорци на Ансамбл „Керамичар“ преку ора и песни го претставија Велес но и Македонија на неколку јубилејни концерти на пријателски групи во Босна и Херцеговина и Хрватска. Тие пет дена другаруваа, посетуваа нови места и го презентираа македонскиот фолклор пред љубители од повеќе градови во двете држави. Претседателот на Ансамбл „Керамичар“ Томе Јаневски рече дека босанците и хрватите го обожаваат македонскиот фолклор а доказ за тоа се громогласните аплаузи коишто играорците ги добивале за време на настапите.
-Првата вечер настапивме заедно со КУД „Пакленица“ во истоимениот град на пријателска вечер и на 24 септември настапивме во Брочице кадешто се славеше верски празник и на отворен стадион настапуваа повеќе ансамбли, со што, го заокруживме дружењето во Хрватска. Потоа, заминавме за Босна и Херцеговина каде настапивме на концерт по повод 94 години од основањето на КУД „Младост“ во Босанска Отока. Следниот ден настапивме на концерт по повод 10 години од основање на КУД „Стари град“ босанска група. Исто така, бевме на прием и кај градоначалникот на Општина Новска но поради службено патување не прими претседателот на Советот на општината кадешто поразговаравме и разменивме подароци, додаде Јаневски.
Ансамбл „Керамичар“ е на пат за Македонија и веќе се прават првите подготовки за одржување на традиционалниот годишен концерт што годинава ќе се одржи на 10 октомври. Велешани за време на концертот ќе имаат можност да уживаат во игрите и песните како на Ансамбл „Керамичар“ така и на нивните гости од КУД „Космај“ Сопот од Република Србија.
Стефани Манева
фото: