Богата културна програма во кавадаречкиот Дом на култура „Иван Мазов – Климе“

Објавено на 28 ноември, 2022 во 10:31

Кавадарчани вечерва ќе имаат можност да ја погледнат претставата „Секс и лаги“ на Кумановскиот театар којашто ќе ја одигра во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“. Претставата ќе започне во 19:30 часот.

Во просториите на домот на култура, утревечер со почеток во 20:00 часот кавадарчани ќе имаат можност да уживаат во концертот на „Камерен оркестар на Битола“-  „Rock &amp Beat Symphony&quot“.

Сите љубители на филмови во среда, 30 ноември, со почеток во 20:00 часот, ќе може да го погледнат филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски.

Првиот ден од месец декември во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ е резервиран за изложба на акварели на ликовниот уметник Ванчо Кеков од Кавадарци. Изложбата ќе биде отворена во 19:30 часот.

Сите љубители на фолклорот, на 3-ти декември,со почеток во 19:00 часот,  ќе може да го проследат и годишниот концерт на Фолклорнот ансамбл „Тиквеш“ којшто работи при дом на култура „Иван Мазов – Климе“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.