Домот на култура за кавадарчани организира четири настани
Објавено на 18 ноември, 2022 во 15:44
Самостојна изложба на ликовниот уметник Марина Убавкова од Кавадарци, насловена како „Небесник“ ќе биде отворена вечерва, 18 ноември, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.
„Трио Обои“ во состав на Маја Чанаќевиќ, Марина Николовска и Владимир Лазаревски, во сабота, на 19 ноември, ќе одржи концерт со почеток во 19:00 часот.
Најновиот игран филм „Кајмак“ на Милчо Манчевски, кавадарчани премиерно ќе може да го погледнат на 21 ноември, понеделник, во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ со почеток во 20:00 часот.
Исто така, во тек е манифестацијата „Месец на театарот“. Следната претстава, „Секс и лаги“ на Кумановскиот театар, ќе биде одиграна на 28 ноември , во 19.30 часот.
Стефани Манева