Драмски колаж „Живот под маски“ во Кавадарци по повод Светски ден на Театар

Објавено на 22 март, 2023 во 14:36

Во понеделник, на 27 март, со почеток од 12 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, Театарот при Домот на културата Кавадарци ќе го одбележи Светскиот ден на Театарот со изведба на Драмски колаж “Живот под маски“.
На настанот, симболично ќе бидат пренесени светската и македонската порака по повод Светскиот ден на Театарот на актерките Самиха Ајуб од Египет и на Теута Ајдини Јегени од Република Северна Македонија.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.