Фолклорен викенд во Кавадарци
Фолклорниот Ансамб „Тиквеш“, викендов во Кавадарци ќе ги одржи три традиционални концерти од коишто два ќе се одржат во сабота и еден во недела. Во сабота, 13 ноември, со почеток во 18:30 часот ќе започне првиот концерт и во 20:00 часот вториот концерт. Двата концерти ќе се одржат во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци и помеѓу првиот и вторниот концер ќе биде отворена изложба на фотографии на тема – Македонски фолклор „ Од Љубанишча до Дебор“.
Во недела, 14 ноември, на третиот концерт ќе настапат играорците од сите возрасни групи со нови кореографии. Како спедијален гости на концерото ќе се пијави етно составот „Дукена“ коишто за прв пат ќе настапат на голема сцена пред јавноста. Овој концерт ќе започне во 19:00 часот и ќе се одржи во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.
Цената на билетот ќе изнесува 100 денари и сите заинтересирани можат да набават билет од билетарницата на Дом на култура пред почетокот на концерот. Поради пандемијата предизвикна од Ковид-19 бројот на публика на трите концерти ќе биде ограничен.
Исто така концертите ќе се спроведат со сите протоколи за заштита од коронавирусот, задолжително прикажување на Сертификат за примени две дози вакцина како и задолжително носење на маска.
Стефани Манева