(фото) Со годишен концерт во родниот град, членовите на балетско студио Анабела ја заокружија успешната година

Објавено на 25 јуни, 2024 во 10:40

Со многубројни награди осовени во нашата држава но и надвор од нејзините граници, аплаузи, насмевки и дружење се стекнаа културните амбасадорки на Велес, членовите од балетско студио Анабела. Затоа успешната година решија да ја заокружат и со годишен концерт во својот град.

Сто и десет анабелки од три до 17 годишна возраст, на сцената на велешкиот театар го одржаа својот годишен концерт и приредија дво часовно уживање за секој присутен. Тие ги изиграа најдобрите кореографии со кои се натпреваруваа изминатата година.

Сите кореографии се подготвени под ментортсво на Цеца Пајдакова и Дора Пајдакова, како и тренерите Мартина Ристовска и Кристина Коцевска која за време на годишниот концерт доби и награда за 10 годишното членство.

Сите помагатели на балетското студио Анабела добија благодарници, додека најдобрите членови добија пофалници.

Годишниот концерт на велешките анабелки беше организиран со поддршка на Општина Велес и имаше хуманитарен карактер бидејќи сите собрани средства се наменети за лекување на нашиот мал сограѓанин Мартин Талевски.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.