(фото) Велешките ученици и даваат шанса на стрип инклузијата
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/Snezana-22-1024x461.jpg)
Во ООУ „Васил Главинов“ стрип центарот на Македонија од Велес, вчера, ја организираше втората изложба којашто е дел од грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. На изложбата биле изложени најдобрите дела од наградниот стрип конкурс но се доделиле и дипломи за наградите како и сертификати за учество на учениците, нивните ментори како и основните училишта од Велес поточно Васил Главинов, Блаже Конески и Свети Кирил и Методиј.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/Snezana-10-461x1024.jpg)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/ново-илко-1-768x1024.jpg)
-Традиционално, се промовира и пригодниот каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори. Да потсетиме дека на наградниот конкурс се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини од нашата држава. Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествуваа на неколкудневна стрип работилница во село Нежилово, Велешко, кадешто ги усовршија и доработија своите стрип дела, објаснија од Стрип центар на Македонија – Велес.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/snezana-4-1024x461.jpg)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/448006543_10233174626565963_5317814430660811290_n-724x1024.jpg)
Инаку грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ е дел од вториот отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)