(фото) Велешките ученици и даваат шанса на стрип инклузијата

Објавено на 11 јуни, 2024 во 10:34

Во ООУ „Васил Главинов“ стрип центарот на Македонија од Велес, вчера, ја организираше втората изложба којашто е дел од грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“. На изложбата биле изложени најдобрите дела од наградниот стрип конкурс но се доделиле и дипломи за наградите како и сертификати за учество на учениците, нивните ментори како и основните училишта од Велес поточно Васил Главинов, Блаже Конески и Свети Кирил и Методиј.

-Традиционално, се промовира и пригодниот каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори. Да потсетиме дека на наградниот конкурс  се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини од нашата држава. Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествуваа на неколкудневна стрип работилница во село Нежилово, Велешко, кадешто ги усовршија и доработија своите стрип дела, објаснија од Стрип центар на Македонија – Велес.

Инаку грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ е дел од вториот отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.