Граѓански фото објектив: Манастир „Св. Архангел Михаил“ во село Теово
Велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник испрати фотографија од манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово. Со оваа фотографија испраќа порака до сите фотографи аматери од општина Чашка да фотографираат и да ги испраќаат фотографиите до редакцијата на Дума.мк.
-На оваа моја постара фотографија е манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово, во етногеографската област Азот – општина Чашка. Манастирот е изграден во последните години на минатиот дваесетти век. Тој се наоѓа во прекрасна природа, речиси на средсело и е многу посетен од околното население и од туристите. Оваа фотографија нека биде поттик за фотографите – аматери од општина Чашка да испраќаат свои аматерскји фотографии од својата општина со преубава природа до порталот Дума.мк, вели Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк