Граѓански фото објектив: Склуптура „Водарка“ наспроти велешкиот театар
Објавено на 29 јануари, 2024 во 13:52
Склуптурата поставена наспроти велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“, беше инспирација за нова фотографија на велешанецот Атанас Крлевски. Тој до редакција на Дума.мк ја достави фотографијата за категоријата граѓански фото објектив.
-На фотографијата е склуптурата наспротив Театарот „Џинот“. Не и го знам името. Јас со години си ја викам „Водарката“. Автор е велешанецот – склуптор Павле Илиев, вели Крлевски за својата нова фотографија.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.
Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].
Дума.мк