Граѓански фото објектив: Споменик „Гемиџии“

Објавено на 12 февруари, 2024 во 12:05

Понеделнички нова фотографија од велешанецот Атанас крлевски. Овој пат негова инспирација бил споменикот „Гемиџии“ поставен на левиот брег од река Вардар.

-На фотографиите е споменикот „Гемиџии“ на левиот брег од река Вардар, посветен е на нашите историски херои, поставен во 2003 год на стогодишнината од Илинденското востание. Споменикот е дело на академскиот вајар Станко Павлевски. Висок е 6,5 метри и претставува сплет од 12 зраци што ги симболизираат дванаесетмината Гемиџии, кои во 1903г. ги извршиле Солунските атентати за да го свртат светското вниманието кон македонското прашање. Крај споменикот е поставена плоча со имињата на гемиџиите на која е испишана нивната историска порака „Се арчиме за Македонија“, додаде Крлевски.

Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат  граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.

Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса desk.duma@gmail.com.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.