Издадена шестата книга „Анатомија на поезијата“ на магистар д-р Александар Саша Трајковски

Новата, шеста по ред книга насловена „Анатомија на поезијата“ на магистар –др Александар Саша Трајковски излезе од печат. Во неа се застапени поеми кои изобилуваат со совети, животни приказни и размислувања на авторот, вткаени во стиховите, овој пат на еден поедноставен и по „народски“ израз на поетот.
-Рецензијата на книгата ја пишуваше еден од најплодните и најголеми македонски поети Илија Мерковски од Битола. Промоцијата во Велес е планирана за месец август, во библиотеката „Гоце Делчев“ . Промотори на книгата ќе биде Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, рече магистар д-р Александар Саша Трајковски.
Инаку, поетот и лекар Александар С. Трајковски е роден во Битола. Тој е дипломиран м-р. доктор, поет, преведувач и толкувач, член и дел од Македонското научно друштво – Битола, член во Клубот на писателите „Коста Солев Рацин“ од Велес и на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија.
Книгата „Анатомија на поезијата“ е во издание на Дата Песнопој.
Стефани Манева
